Thursday, February 17, 2011

Болоњезе сос



Уживајте во прекрасниот Болоњезе сос со потекло од Болоња, Италија. Рецептот нема да ви одземе повеќе од 1 час подготовка. :)

Потребни состојки:

1. 1/2  kg мелено говедско месо.
2. 1 сечкан кромид.
3. Чаша црвено вино.
4. Томатело
5. Mасло, сол, бибер, црвен пипер.

Подкотовка:

Ставете го меленото говедско месо во тава предходно загреана во масло. Пропржете го малку месото. Потоа додајте го сечканиот кромид и мешајте. Додадете ја чашата вино и томателото и во следните 40 минути гответе на средна температура. Додајте сол, бибер, и црвен пипер по желба. Сервирајте го со тестенини по ваша желба, но мене лично болоњезе сосот ми е најубав кога е во комбинација со макарони. Ова е мој начин на подготовка на болоњезе сосот, па се надевам дека  ќе ви се допадне. :)

Бешамел сос



Бешамел сос, исто така познат како бел сос е еден од главните состојки во Француската и Италијанската кујна. Најчесто се користи како подлога за други сосови. По потекло е од Франција. Овој сос е лесен за подготовка, па нема да ви одземе многу време во кујна, а сепак е навистина вкусен.

Потребни состојки за бешамел сос:

1. 1 l. млеко.
2. 100 gr. путер.
3. Сол.
4. Морско оревче.
5. 100 gr брашно.

Подготовка:

Во тава го топите путерот и потоа го додавате брашното. Мешате се додека не добиете еднаква смеса со златна боја. Потоа полека, го додавате млекото. Мешате се додека не се добие еднаква смеса. Варете 15 минути, односно додека бешамел сосот не стане густ. На крај додадете малку сол и изрендајте морско оревче.

Wednesday, February 16, 2011

Цезар салата



Цезар салатата е по потекло од Мексико, поточно од областа Тихуана. Лично, мене ова ми е омилената салата :) Рецептот е многу лесен а прекрасниот вкус на оваа салата е загарантиран. Во прилог следат потребните состојки за Цезар Салата.

1. 1 Марула.
2. Рукола.
3. 1 пилешки стек, испржен или на скара.
4. Пченки од конзерва или замрзнати.
5. Кубети
6. Малку сок од лимун.
7. 1 јајце.
8. Пармезан.
9. Мајонез, малку сок од портокал и бибер (доколку го правите сосот вие)
10. Vorcester sauce доколку се одлучите за готов сос, а можете да го најдете во поголемите маркети.


За подготовка на оваа салата потребно ви е марулата и руколата да ги исечкате ситно и да ги ставите во длабок сад. Потоа пилешкиот стек исечкајте го на ситни коцки и додадете го во садот. Истото направете го со јајцето. Додајте ги кубетите, пченката и сокот од лимун. Измешајте убаво и одозгора ставете го сосот и пармезанот. Пријатно јадење. :)

Potatoes au gratin



Ова е всушност тава со компири а рецептот е доста едноставен сепак вкусен.

1. 6 големи компири.
2. 1/2 путер.
3. 1 мал кромид сечкан ситно.
4. 1/4 брашно.
5. 1 мала лажичка сол.
6. 2- 1/2 млеко
7. 1 цел рендан кашкавал.
8. 1/2 сенф.
9. Кесичка пармезан

Првенствено, сварете ги компирите, потоа ставете ги во сад со ладна вода за убаво да се оладат. Додека се ладат компирите, во тава стопете го путерот додајте го исечканиот кромид и пржете го се додека не добие златна боја. Потоа додајте го брашното и мешајте ја смесата заедно. Од кога убаво ке се изедначи почнете постепено да го додавате млекото. Сипајте го млекото умерено за да не се направат грутки. Потоа додајте го кашкавалот, по можност да биде рендан или ситно исечкан. Сега додадете ги сенфот и солта и мешајте се додека не добиете еднаква смеса. Кога веќе сте готови со смесата, исечкајте ги компирите на тенки кругови и поставете ги долж тавата. Потоа намачкајте со смесата и повторете го процесот се додека не ја наполните целата тава. Ставете ги Potatoes au gratin да се печат на температура од 320 степени, од 30-35 минути и потоа извадете. На крај врз веќе испечените Potatoes au gratin ставете малку кашкавал и наросете ја најодозгора целата кесичка пармезан. Вратете го во рерната уште 5 минути и потоа извадете. Сега веќе имате вкусен оброк во кој ке уживате вие и вашето семејство. :)